Недела, Септември 05, 2010
   
Text Size

Ова лето Охрид со помалку возила низ улиците

Бројот на паркинг места во Охрид од наредната туристичка сезона ќе се зголеми за 400.

Ова доаѓа како резултат на најавите од локалната самоуправа дека целото централно градско подрачје комплетно ќе се претвори со наплатни паркинг-простори. Така било во сите туристички места во светот, велат од локалната самоуправа.

Според нив бројот на возила ова лето бил далеку помал во однос на лани и затоа без проблем се одвивал летниот режим на сообраќај.

- Паркиарњето и начинот на користење на паркинзите е од големо значење. Со воведување на наплата  од следната година на целиот простор во центарот на градот ќе се урамнтежи побарувачката на паркинг-простор во тој дел на градот. Мораме да го практикуваме таквиот начин на работа, вели Зоран Шикалоски, советник за сообраќај на градоначалникот Александар Петрески.

Во однос на годинешниот летен режим на сообракај Шикалевски оценува дека се одвива без проблеми Признава дека бројот на возила ова лето бил далеку помал во однос на лани.Одлично функционирала и пренамената на некои улици во градот од двонасочни во еднонасочни.

- Тоа е воочливо на терен. Самиот факт дека имаме помал број гости потврдува дека има и далеку помал број на возила. Како податок ќе ја земам улицата „Кузман Јосифовски -Питу“ каде сообракајкот се одвива нормално, додава Шикалоски.

Од општината велат дека засега нема злоупотреба на бесплатните катички за возење преку целиот ден за жителите и гостите од стариот дел на Охрид. Жалат што во тој дел, локалната не може да обезбеди допонителен број на картички но и дополнителен број на паркинг-места.

Супер радио

Macedonian Albanian Bulgarian English French Greek Russian Serbian Turkish

Време

70°
21°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sun

46 | 71
7 | 21
Mon

44 | 73
6 | 22
Tue

53 | 77
11 | 25
Wed

51 | 78
10 | 25

Login Form