Недела, Септември 05, 2010
   
Text Size

Човекот оркестар музицираше за охриѓани

Македонскиот музичар Вангел Мачковски, кој живее и работи во Шпанија се претстави пред охриѓани со својот талент и вештина.

Мачковски го нарекуваат човек-оркестар поради тоа што свири истовремено на повеќе од 18 инструменти. За него доминанатна е духовната музика, но изведува и секаков друг вид музика која е популарна кај сите генерации.

Со многу напор, талент и умеење, Вангел Мачковски од многу музичари со светски ранг е наречен "човек-оркестар". Во 56-годишната кариера успеал да свири дури на 18 инструменти истовремено. Мачковски е роден во Буково, а повеќе децении живее и работи во Палма де Мајорка. Фламенгото има своја магија, но сепак, вели тој, македонската музика, ритам и чувство не можат да се споредат со ниту една светска музика. Талентот го наследил од неговата мајка, а музички се едуцирал во Вуковар и Сараево.

- Надвор од Македонија сум од мојата 16-та година. Надвор учев музика, надвор се борев, надвор работев и можам да кажам дека во последно време настапив на Охридско лето, на Битолско, на Кичевско на Прилепско итн, вели Мачковски.

Патот до меѓународната кариера е трновит, но никогаш не треба човек да се предава, додава Мачковски. Тој дипломирал  на труба и хармоника, но неговиот немирен дух го натерал да совладува и други музички инструменти, од кои повеќето се и нетрадиционални за македонската музика.

- Со текот на времето, мојот немирен дух ме натера да истражувам нешто ново, да  и дадам нешто повеќе на публиката од она што е вообичаено, да свирам на нешто повеќе од 18 инструменти. Се трудам, секој инструмент да биде совладан како што треба, додава музичарот.

Никогаш не се двоуми помеѓу шпанското фламенго и македонската етно-музика.

- За мене, без сомнеж,  македонската музика  е најбогата во светот. Шпанското фламенго е посебна музика, но богатството музичко го има Македонија. Македонската музика, ритам и чувство не можат да се споредат со никаква светска музика, вели Мачковски.

Зад него стојат 11 албуми, од кои два со духовна музика. Еден од тие албуми е посветен на децата од Мозамбик, во хуманитарни цели.

Верува во Бога и компонира духовна музика, но пишува и текстови и аранжмани.

Супер радио

Macedonian Albanian Bulgarian English French Greek Russian Serbian Turkish

Време

70°
21°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sun

46 | 71
7 | 21
Mon

44 | 73
6 | 22
Tue

53 | 77
11 | 25
Wed

51 | 78
10 | 25

Login Form