Четврток, 29 Јули 2010 11:22 (Прочитано: 46 пати)
Актерот Петар Темелковски на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето" ќе се претстави со авторски проект, монодрамата „Деца на сонцето".
Претставата, која говори за Македонија во ранохристијанскиот период, ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот.
Улица АРТ од Скопје во копродукција со Драмски театар вечерва ќе ја изведе монодрамата „Децата на сонцето", авторски проект на актерот Петар Темелковски.
Ѓорѓи Јолески, селекторот на драмскиот дел на програмата на „Охридско лето" за оваа улога на истакнатиот македонски актер Петар Темелковски вели дека ја истакнува неговата индивидуалност и неприкосновеност во одбрана на се што е македонско.
Периодот од Христос наваму се обидов преку извадоци од Светото писмо да го пренесам на пошироката публика, која ќе има можност да ја погледне претставата, вели актерот Темелковски.
- Оваа монодрама „Децата на сонцето", доаѓа како втор дел на предходната монодрама, „Филип Втори". Првиот дел е грандиозно претставување на нашето кралство, во вториот дел, кој го опфаќа ранохристијанството, директна инспирација ми беа посланијата на Св. Апостол Павле, вели актерот.
Темелковски преку Светото писмо вели дека Светиот апостол Павле за Македонија и Македонците во своето прво послание, потврдува дека на големиот простор на поранешна Македонија живее народ кој меѓу првите го славел Христос.
- Во посланијата на Свети Апостол Павле кога се обраќа на Македонците во Солун пишува: „Вие мили браќа и мили сестри, немате повеќе потреба од поучување. Вие станавте образец низ целиот свет, како треба да се возљуби нашиот Господ Исус Христос“, додава Темелковски.
Потврда дека Македонците се Деца на сонцето и светлината има и во самото Свето писмо. Најголемите наши дејци од било која област, секогаш говорат дека не треба да го отфрламе нашето античко минато, објаснува нашиот актер.
Инаку, Петар Темелковски, е еден од најнаградуваните актери во Република Македонија со престижните наградите „Војдан Чернидрински", „Ристо Шишков", „Ловоров венец" и „13-ти Ноември".
Супер радио
Време








