Четврток, 29 Јули 2010 11:28 (Прочитано: 37 пати)
Синоќа се одржа вечер на Француската музика во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Со дела на Леке, Масне, Форе и Равел, во црквата Св. Софија настапија Пјер Омаж на виолина и Мишел Бурдонкл на пијано.
Ретко е да се најде слушател кој подеднакво ги сака сите композитори чиишто дела ги преслушал.
Повеќепати се среќава со композиции кои и не можат многу да му кажат како што тоа се случи синоќа со некои од делата на Леки, Масне, Форе или Равел иако за интерпретите можеби беа восхитувачки.
Од често непознати причини, слушателот едноставно нема афинитети за некои од композиторите. Слична може да биде појавата и кај музичарите.
Од најразнообразни побуди-идентичната национална припадност, карактеристиките на стилот, личните и пријателските врски, совпаѓање во гледањето на естетските и композициско-техничките проблеми, интерпретот со посебен интерес и љубов ги студира и изведува делата на одделните композитори, додека за композициите на другите автори нема потребно разбирање.
Се на се, програмата можеше да биде поинтересна заради нужната комуникација со публиката а и квалитетот на елементите од изведбата требаше да биде на ниво кое го заслужува и фестивалот и публиката.
Супер радио
Време








