Четврток, 29 Јули 2010 11:39 (Прочитано: 40 пати)

Дваесет и четвртиот Охридски пливачки маратон ќе се одржи на 14. август на патеката од Свети Наум до пристаништето во Охрид. По долгите натегања за местото на стартот на маратонот, отпадна варијантата тој да биде во Подградец, Албанија.
Вкупните трошоци за најстарата спортска манифестација кај нас, годинава, според најавите, ќе изнесуваат околу 70 илјади евра.
За победниците во машка и женска конкуренција се планирани 2 илјади долари.
Досега за пливање на 30 километарската патека се пријавени 19 маратонци а рокот истекува на 5. август.
Покровител на оваа спортска манифестација е претседателот на државава Ѓорге Иванов.
Супер радио
Време








