Недела, Септември 05, 2010
   
Text Size

Денеска на „Филип Втори“ Работнички-Ливерпул

Екипата на Работнички денеска го игра првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на Европа со англискиот гигант Ливерпул. На Националната арена „Филип Втори", фудбалскиот спектакл кој започнува во 20:45 минути ќе го следат повеќе од 22.000 гледачи.

За жал на вистинските љубители на фудбалот, големите имиња како Стивен Џерард, Џејми Карагер, Глен Џонсон и Џо Кол ќе го продолжат одморот по Светското Првенство и нема да настапат на денешниот натпревар.

- Конкретно за тимот кој ни доаѓа од Англија не треба да се трошат зборови. Само едно можам да ветам, а тоа е дека играчите ќе го остават срцето на теренот и дека сите ќе одиграат на потребното ниво. Потајно се надеваме на позитивен резултат, а за нас позитивен резултат би било и нерешено. Без разлика во кој состав ќе пристигне Ливерпул ние повторно ќе истрчаме во формација 4-3-3 во нападот со Вандаир, Зе Карлос и Фабио, изјави тренерот на Работнички Зоран Стратев.

За капитенот и еден од најдобрите играчи на тимот Никола Глигоровски  шансите за позитивен резултат на овој меч  се минимали.

- Но и при евентуален пораз во добра игра ќе излеземе со високо кренати глави по последниот свиреж на судијата. Во разговор со соиграчите констатиравме дека ваква позитивна атмосфера во клубот немало никогаш. Атмосферата е на највисоко можно ниво. Ние како играчи сигурно посакуваме Ливерпул во најсилниот состав да допатува во Скопје, бидејќи ова за нас ова е голем меч и меч на кариератa, вели капитенот на тимот.

Супер радио

Macedonian Albanian Bulgarian English French Greek Russian Serbian Turkish

Време

70°
21°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sun

46 | 71
7 | 21
Mon

44 | 73
6 | 22
Tue

53 | 77
11 | 25
Wed

51 | 78
10 | 25

Login Form