Четврток, 29 Јули 2010 12:14 (Прочитано: 71 пати)
Неодамна во Охрид се рестартираа три погони за произвоство на препознатливите садови за домаќинство од фабриката „Братство".
Во услови кога економијата се опоравува од глобалната криза, ова претставува заживување на охридското стопанство, велат познавачите на економските состојби во градот.
Новиот сопственик на погоните е компанијата „Андрос" од Охрид која понуди најдобри услови на третиот јавен тендер, објавен во рамките на стечајната постапка.
- Ги купивме погоните за припрема, пресерај и полирање, тоа се погоните за производство на садови и друга опрема за домаќинството. Се вложуваат максимални напори за повторно освојување на домашниот и странските пазари, најавува новиот генерален директор на „Братство", Славчо Андрески.
Старата опрема е ставена во функција, но и ќе се модернизира.
- Опремата е во функција, но ние сме веќе во преговори да ја модернизираме. Планираме да донесеме 1.200-тонска преса, што ќе претставува врв во производството на тенџерињата. Исто така преговараме и со најпознатите производители на опрема од Италија, вели Андрески.
Освен алатите и машините, и новите производствени линии ќе одговарат на менуваат алатите и машините, но и новите производствени линии ќе одговараат на современите текови.
- Ќе се подобри и квалитетот и дизајнот. Се рабира, ќе има и нови производи, за што веќе работиме на новите дизајни, додава Андрески.
И познавачите на економските прилики велат дека рестартирањето на фабриката "Братство" каде во најдобрите времиња работеле над 600 луѓе, е добар знак дека охридското стопанство се мрднува од мртва точка. На работа се вратени 40 поранешни вработени кои долги години работеле во трите погони во Братство.
Супер радио
Време








