Недела, Септември 05, 2010
   
Text Size

Богата Илинденска програма во Охрид

Втори Август, Денот на Илинденското  востание ќе се чествува и во Охрид.

Во очи на празникот, на градскиот плоштад, во организација на Локалната самоуправа, ансамблот за народни игри „Филиграни“ ќе одржи концерт со почеток во 19 часот и 30 минути, а во селото Велгошти, во 20 часот, пред споменикот на Илинденските востаници ќе се одржи пригодна свеченост.

На 2.Август во 11 часот, делегации на Локалната самоуправа, Советот на општината и Сојузот на борците на НОБ ќе положат цвеќе на спомен-бистите на загинатите борци во револуционерната борба за суверена и самостојна Република Македонија.

Пригодна свеченост по повод 2.Август, Илинденското востание,со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи и кај споменикот во месноста „Прентов мост“ кој е подигнат во чест на илинденските востаници од охридскиот крај, што ги положија животите во легендарната битка кај Рашанец.

Одборот за прослава при Месната заедница од село Плаќе, 2-ри Август ќе го одбележи со културно-забавна програма во селото со почеток во 10:30 часот, каде е предвиден и имповизиран напад на селото од комитите, се’ со цел оживување на минатото и олицетворување на вечната борба за слобода на Македонскиот народ.

Свеченостите со кои Охрид ќе го одбележи годинешниот Илинден, ќе бидат збогатени и со спортски активности.Во организација на Клубот на спортови на вода „Охридски бранови-2008“ од Охрид, а под покровителство на Советот на општина Охрид, на 2 Август во 16 часот, на патеката „Горица-Охрид“ во должина од 2,5 километри, ќе стартува традиционалниот 31-ви по ред „Илинденски пливачки маратон-Охрид 2010“. Учество ќе земат над 50 пливачи од повеќе клубови од Македонија и странство.

Супер радио

Macedonian Albanian Bulgarian English French Greek Russian Serbian Turkish

Време

70°
21°
°F | °C
Partly Cloudy
Humidity: 60%
Sun

46 | 71
7 | 21
Mon

44 | 73
6 | 22
Tue

53 | 77
11 | 25
Wed

51 | 78
10 | 25

Login Form